Малку им фалеше на Вардарки: Будуќност спаси бод во Скопје

Малку им недостигаше на ракометарките на Вардар да му го анесат првиот пораз оваа сезона на фаворизираниот Будуќност. Црногорките спасија бод во последните моменти од мечот, откако Пенезиќ на неколку секунди пред крајот промаши шут за победа. По 60 минути игра, резултатот беше 24:24.
Избраничките на Катстратовиќ прикажаа игра на завидно ниво кој многу се разликуваше од она што го гледавме во претходните мечеви.
Најпрецизна во нашиот тим беше Пенезиќ со 8 гола, Ихнева и Дембеле постигнаа по 5 гола а Суслина повторно блескаше на голот со 15 одбрани.
За одбележување е и повредата на Андреа Лекиќ која по еден конткат во првиот дел, мораше да го напушти теренот и не се врати до крајот на мечот.

16.11.2014 - 20:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега