16 хрватски навивачи уапсени во Милано

 

- Италијанската полиција уапси 16 хрватски навивачи поради насилството и прекинот предизвикан на квалификацискиот натпревар Италија – Хрватска одигран вчеравечер во Милано.

Хрватските навивачи во текот на средбата двапати предизвикаа прекини со фрлање на факели на теренот на „Сан Сиро“, предизвикаа мал пожар на трибините, извикуваа усташки пароли и влегоа во судир со полицијата.

Приведените ќе бидат изведени пред италијанските судски органи.

Натпреварот заврши 1:1, а гостинскиот тренер Нико Коваќ го осуди однесувањето на навивачите и го оцени како „срам за неговата земја и хрватскиот народ“

17.11.2014 - 14:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега