Лука Модриќ шест недели во аут

Најдобриот хрватски фудбалер Лука Модриќ поради повреда ќе паузира најмалку шест седмици.

На синоќешниот натпревар меѓу Италија и Хрватска во квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи 2016 година во Франција, Лука Модриќ се здоби со повреда на бутниот мускул и тој ќе паузира најмалку шест седмици, потврди Борис Немец, лекарот на репрезентацијата на Хрватска.
 
Стандардниот првотимец на Реал Мадрид ќе подлегне на дополнителни лекарски прегледи во Мадрид, но извесно е дека на теренот ќе се врати по новогодишните празници. 
 
Неговото отсуство во редовите на „Кралскиот тим„ ќе треба да го надополнат младиот шшански репрезентативец Иско, но и Германецот Сами Кедира.
 
Модриќ нема да настапи на четири натпревари во шпанската Примера, еден меч во „Копа дел Реј’’, како и на два натпревари од Лигата на шампиони против Базел и Лудогорец. 
 
Прогнозите се дека хрватскиот фудбалер од средниот ред, најрано би можел да му се стави на располагање на тренерот Карло Анчелоти, за дуелот против Валенсија закажан за 4 јануари следната година (2015) 
17.11.2014 - 18:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега