Мекејлеб во Баерн Минхен

Еден од најдобрите американски кошаркари кои играат во Европа во последните неколку години, Лестер Бо Мекејлеб до крајот на сезоната ќе игра за Баерн Минхен.

Поранешниот плејмејкер на Партизан, Монтепаски и Фенербахче од летово е слободен играч, а деновиве договори соработка со германскиот тим.

Мекејлеб минатата сезона имаше просек од 11,9 поени по натпревар, како и 3,2 скокови и 2,5 асистенции во дресот на Фенербахче.

Како што е познато, Мекејлеб настапуваше за кошаркарската репрезентација на Македонија.

18.11.2014 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега