Револуционерна промена, пеналите ќе се шутираат пред почетокот на мечот?!

Постои можност во иднина, на големите мечеви, пеналите да бидат шутирани пред почетокот на натпреварот, кои би го одлучиле победникот доколку регуларниот дел и продолженијата завршат нерешено.

УЕФА сериозно размислува за воведување на ново револуционерно правило- изведување на пеналите пред почетокот на натпреварот. Британскиот „Индепедент“ пишува деа Европската куќа на фудбалот ќе го разгледа ова правило на следниот свој семинар, а би важело за мечевите кои би се играле во нокаут фазата во големите натпреварувања.

Според ова правило пред мечот би се изведувале пеналите. Доколку натпреварот заврши без победник, веднаш би се одело на продолженија. Доколку и тогаш победникот не биде решен, тогаш како конечен исход ќе се земе резултатот од пеналите.

УЕФА овој предлог ќе го разгледува бидејќи се почесто помалите клубови одлучуваат да се бранат 120 минути, па бараат шанса за пласман во следната рунда преку пеналите. Како пример се наведува 1986-та година кога Стеауа ја победи Барселона.

Сепак, воведувањето на ова правило може да предизвика контраефект. По изведувањето на пеналите пред мечот, екипата која била подобар изведувач би знаела дека реми ја носи во следната рунда, па би играла дефанзивно, но затоа, пак екипата која не успеала да ги добие пеналите, ќе знае дека мора да победи, па од првата минута би играла без калкулации.

Повеќе на оваа тема можете да прочитате на следниот ЛИНК.

18.11.2014 - 15:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега