Ериксон пропатува низ светот

 

 

Прославениот шведски тренер Свен Горан Ериксон ја прифати понудата да биде нов тренер на кинеската екипа Шангај.

За Швеѓанецот ова е осмиот тим за осум години. Тој работеше на четири континенти и практично го помина целиот свет. Англиските статистичари пресметаа дека за тоа време Ериксон поминал околу 34 илјади милји (54.700 километри).

Во својат богата професионална тренерска кариера Ериксон работел во Дегерфрос и Гетеборг во родната Шведска, а потоа бил предводник на интернационални тимови: Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Англија, Манчестер Сити, и Лестер.

Селекторската функција ја извршуваше во Мексико и Брегот на Слоновата коска.

66-годишниот Ериксон во Шангај би можел да заработува околу шест милиони долари по сезона со што би станал еден од најдобро платените тренери во светот.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега