ВИДЕО: По Србија Албанците си ја бараа белјата и во Италија

Репрезентациите на Италија и Албанија одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа на "азурите" од 1:0, но дуелот во Џенова ќе биде запаметен по непотребното шоу на албанските навивачи кои три пати влегоа на терен.  Домаќинот пред натпреварот соопшти дека се продадени околу 25.000 карти, од кои пола се купени од гостинските фанови, а неколку илјади чекаа пред стадионот без карта, но на крајот и тие влегоа без карта.    Прво на зелениот терен влезе еден навивачи кој носеше знаме на Албанија и клекна на колена пред капитенот, Лорик Цана со цел да добие автограм од фудбалерот на Лацио.    Вториот инсиститаше да добие бакнеж од Ермир Ленјани, а третиот сакаше да се поздрави со Лорик Цана, кој за Албанците е најголем јунак по прекинот на мечот против Србија во Белград. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 13:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега