Докузовски суспендиран шест, Србиновски три месеци

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички повеќе месеци на официјалните натпревари ќе биде без помошта на тренерскиот тандем Марин Докузовски и Марјан Србиноски.

Првиот тренер на клубот од „Градски парк“ Докузовски, поради одбивањето неговиот тим да го продолжи прекинатиот натпревар против МЗТ Скопје доби шестмесечна суспензија од Дисциплинската комисија на Македонската кошаркарска федерација. За истиот прекршок тримесечна суспензија доби помошник-тренерот на Работнички, Марјан Србиноски.

Најголема казна доби претседателот на клубот Горан Геровски, кому му е забрането да извршува функции во кошарката цела година.

Тројцата казнети имаат право на жалба. 

 

 

Оцени ја веста

20.11.2014 - 20:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега