Младите „вардарки“ најавуваат неизвесен реванш со Дунајварош

 

 

Ракометарките на Вардар (втор тим) во недела го играат реванш дуелот од 3. коло од ЕХФ купот против унгарската екипа Дунајварош. На првиот дуел противникот ја оправда фаворитската улога и постигна победа од 28:20. Според тренерот на Вардар и во реваншот гостинките се фаворитки, но Симе Симевски најавува неизвесен натпревар. 

- Дунајварош е тим од врвен калибар. Тоа е екипа составена од искусни ракометарки и сметам дека високо ќе се пласираат во ова натпреварување. Добро одигравме на првиот дуел, но пехот на неискуство го плативме и противникот знаеше да ги казнува нашите технички грешки. Очекувам дека во недела ќе прикажеме истотака добра игра и со тоа ќе постигнеме подобар резултат, рече на денешната прес конференција Симевски.

Во таборот на Вардар (втор тим) со седум голови на првиот дуел најефикасна беше Теодора Керамитчиева.

- Тоа што го работевме на тренинзите го спроведовме и на натпреварот, но може и подобро. Мислам дека нема да разочараме. Ако го дадеме максимумот како на првиот дуел, а јас сметам дека може и повеќе, можеме да дојдеме и до позитивен резултат, изјави Керамитчиева на денешниот прес.

Унгарскиот тим Дунајварош е поранешен европски шампион (1999 година), а претходно има титули и во другите европски купови – ЕХФ куп (1998) и Куп на победници на купови (1995). Натпреварот Вардар – Дунајварош се игра во недела со почеток во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“, а влезот е слободен.

 

 

Оцени ја веста

21.11.2014 - 15:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега