ВИДЕО: Погледнете ја оваа банана на Перо Антиќ

„Волшебниците“ од Вашингтон се водечка екипа во југоисточната конференција на Ен-Би-Еј лигата кои во досегашниот тек на сезоната имаа девет победи и три порази, но синоќа беа непријатно изненадени од „јастребите“ на Атланта кои славеа во американската престолнина.

Македонскиот интернационалец Перо Антиќ во неа имаше постигнато пет поени, сите во првата четвртина, но блесна во финишот на првото полувреме кога во одбрана „го залепи“ Бредли Бил, со што спречи израмнување на резултатот. Договорот на Антиќ истекува на крајот од сезоната, а ваквите настапи можат да му бидат од помош за да го продолжи својот престој во најсилната лига на светот, каде што се шпекулира дека заработува 1,25 милиони долари годишно. Вечерва кошаркарите на Атланта играат со најдобриот тим во Источната к5нференција, Торонто, кој има само два порази во досегашните 14 настапи.

 

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 23:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега