Пеле повторно префрлен во болница

Бразилската фудбалска легенда Пеле денеска беше повторно префрлен во болница во Сао Паоло, откако пред две недели беше пуштен на домашно лекување по изврешената хирушка интервенција за отстранување на камен од еден од бубрезите.

Прославениот фудбалер е сместен во одделението за интензивна нега со дијагноза за уринарна инфекција. Претставник на болницата „Алберт Ајнштајн“ изјави дека Пеле, кој сега има 74 години, морало да биде хоспитализиран, откако претрпел „клиничка нестабилност“.

Пеле беше член на прославената бразилска фудбалска репрезентација која во 1958 во Шведска, во 1962 во Чиле и потоа во 1970 година во Мексико, триумфираше на светските првенства и на трипати го понесе трофејот на ФИФА.

 

 

Оцени ја веста

27.11.2014 - 19:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега