Сите погледи кон Вардар и Работнички во 17-то коло

Дербито на 17. коло на Првата фудбалска лига попладнево ќе го играат лидерот на табелата Вардар и првакот Работнички.
 
Со евентуален триумф на првакот Работнички двете екипи ќе имаат ист број бодови, а ако победи Вардар ќе ја зголеми разликата во однос на денешниот ривал. Натпреварот се игра на Националната Арена „Филип Втори“ со почеток во 17 часот.
 
Почетокот на другите натпревари од ова коло е во 13 часот, а двојките се: Металург – Тетекс, Хоризонт Турново – Ренова, Брегалница – Силекс и Шкендија – Пелистер.
 
Табела: Вардар 37 бодови, Работнички 34, Шкендија 27, Металург 24, Силекс 24, Ренова 22, Хоризонт Турново 20, Пелистер 18, Брегалница 12, Тетекс 3. 
 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега