Двајца македонски пливачи на СП во Доха

На Светското првенство во пливање во Доха Македонија ќе ја претставуваат Марко Блажевски и Горазд Чепишевски.

Ова е Светското првенство во пливање на 25 метарски базени, а Марко Блажевски и Горазд Чепишевски веќе утре на првиот ден ќе го имаат и својот прв настап.

Блажевски ќе се појави на стартот од квалификациите на 200 метри слободно, додека Горазд ќе плива во квалификациите на 100 метри грбно.

Натпреварите на шампионатот ќе се одржуваат во „Хамад Акватик Центарот“ во Доха.

Македонските пливачи по кусиот одмор по 20-часовниот пат одржаа и два тренинга.

Шампионатот почнува утре и ќе трае до 7 декември, а ќе учествуваат повеќе од 900 пливачи во 46 трки.

 

 

Оцени ја веста

02.12.2014 - 17:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега