Ван Гал го купува Геце за 50 милиони фунти

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал подготвува понуда од 50 милиони фунти за фудбалерот на Баерн, Марио Геце, пренесуваат британските медиуми.

Ван Гал посакува во тимот на секоја позиција да има по двајца квалитетни играчи.

Но, малку веројатно е дека Баерн ќе одлучи да го продаде играчот. Геце во Баерн дојде од редовите на Борусија Дортмунд.

Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ван Гал во текот на летото, откако го презеде тимот, потроши речиси 200 милиони фунти за неколку играчи: Анхел Ди Марија, Радамел Фалкао, Маркос Рохо, Дејли Блинд и Лук Шоу.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 19:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега