Линдзи Вон победничка на спустот

Американката Линдзи Вон победи на вториот спуст сезонава возен во канадскиот Лејк  Луиc во рамките на Светскиот куп во скијање.
 
За четирикратната победничка во Светскиот куп ова беше 60. победа во кариерата и прва по речиси двегодишна пауза.
 
На победничкиот подиум се најдоа уште две Американки. Втора беше Стејси Кук со 47 стотинки побавно време од она на Вон (1:50.48 минути), а трето пласираната Џулија Манкузо заостана 80 стотинки.
 
Со синоќешната победа Вон покажа дека успешно се враќа на патеките по тешката повреда на потколеницата поради што ги пропушти изминатите две сезони.
 
На првиот спуст возен во петокот американската скијачка беше осма.
 
Натпреварувањето во Лејк Луиc завршува вечерва по средноевропско време за кога е закажан првиот супервелеслалом.
 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега