200 погодоци на Роналдо за Реал Мадрид

Предводени од Кристијано Роналдо, фудбалерите на Реал Мадрид ја остварија 18. победа по ред во сите натпреварувања и го изедначија рекордот на Барселона кој во времето на тренерот Френк Рајкард имаше такво постигнување.
 
„Кралскиот клуб“ синоќа во Мадрид ја совлада Селта со 3:0, а стрелец на сите три погодока беше Кристијано Роналдо за кого ова беше 23. хет-трик во кариерата, а воедно стигна и до 200 голови во Примера по само 178 одиграни натпревари во шпанското првенство.
 
На другите три саботни натпревари од 14.коло победи за гостинските екипи: Елче – Атлетико Мадрид 0:2, Атлетик Билбао – Кордоба 0:1 и Ла Коруња – Малага 0:1.
 
Денеска играат: Рајо Ваљекано – Севиља, Барселона – Еспањол, Виљареал – Сосиедад и Гранада – Валенсија.
 
Колото ќе се комплетира утре со средбите: Еибар – Алмерија и Леванте – Хетафе.
 
Табела: Реал Мадрид 36 бодови, Атлетико Мадрид 32, Барселона 31, Севиља 26, Валенсија 24,...
 

 

Оцени ја веста

07.12.2014 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега