Грците почнаа со провокациите за Македонија за Евробаскетот 2015

Македонскиот центар Перо Антиќ се најде на мета на провокациите и анализите на нашиот јужен сосед, веднаш откако дознаа дека Македонија ќе биде нивниот противник во рамки на Евробаскетот во 2015 година. 

Макдеонија покрај Грција за противници во групата ќе ги има и Грција, Хрватска, Словенија, Грузија и Холанција. 

Најновата нивна анализа за состојбата во нашата селекција, е дека, според нивни извори, Перо Антиќ ќе му се стави на располагање на македонскиот селектор за натпреварите од Евробаскет 2015-та. Грчките медиуми воедно додаваат дека кам-бекот на Лестер Бо Мекејлеб во нашата селекција е неизвесен.

- Генерално ова е силна група, но група која може да се помине. Во арената во Загреб, домаќинот ќе игра пред своја публика и притоа ќе биде пеколно жешка атмосфера. Словенците со секое големо натпреварување се се позрели и посилни. Македонија ни е добро познат ривал, Грузија е компактибилна а Холандија ќе донесе нова свежина. Сепак ова е само почетна анализа, ние не знаеме се уште со кој состав, односно кои играчи ќе ги имаме на располагање, има уште многу време до летото, изјави селекторот на Грција Фоциос Кациракис за грчките медиуми, а пренесува порталот „Екипа“.

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега