Каков пех за МЗТ - заврши сезоната за Дамјан

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Дамјан Стојановски, на вчерашната средба против Левски во рамки на АБА-лигата ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото, повреда која речиси сигурно значи и крај на сезоната за него и тоа не само во регионалното натпреварување туку и таа во домашното првенство.

Стојановски, ќе мора да биде опериран во најбрз можен рок, а првичните прогнози се дека Стојановски најмалку шест месеци ќе мора да мирува, по што ќе треба да мине низ двомесечен период на рехабилитација. Ова значи дека според најоптимистичките прогнози тој повторно ќе се врати на паркетот во јули следната година, кога треба да почнат подготовките на репрезентацијата на Македонија за настап на ЕП 2015. 

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега