Бејл се враќа во Премиер Лигата - Реал договорил продажба?

Шампионот на Европа наводно се согласил да го продаде најскапо платениот играч на во историјата и тоа во Премиер лигата.

Реал Мадрид е подготвен да ја прифати понудата од Островото и да го продаде Герет Бејл на Манчестер Јунајтед, пренесува „Дејли Стар“.

Челниците на европскиот првак пред нешто повеќе од еден месец добиле атрактивна понуда од „Црвените ѓаволи“ од 90 милиони фунти (113.68 милиони евра) и наводно одлучиле да ја прифатат.

Реал минатата година го купи Бејл од Тотенхем за 85 милиони фунти, односно нешто повеќе од 100 милиони евра, што беше најголем трансфер во историјата.

Наводно, Манчестер Јунајтед ќе му понуди неделна плата на Велшанецот во висина од 300.000 фунти.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега