Шпанија прв финалист на Европското првенство во ракомет за жени

Ракометарките на Шпанија се првите финалистки на Европското првенство за жени што се одржува во Унгарија и во Хрватска.

Шпанките во полуфиналето го победија европскиот првак Црна Гора со 19:18 (13:8). Најзаслужна за триумфот беше Силвија Наваро која имаше 18 одбрани.

Победникот беше решен во првиот дел кога Шпанија направи серија (8:2) и од 3:2 поведе со 11:4, а потоа уште еднаш имаше +7 (12:5).

Во вториот дел беа постигнати помалку голови, а во период од 15 минути Шпанија не постигна гол, додека Црна Гора постигна само два гола. Црногорките успеаја да го намалат водство пред се откако на голот застана Марина Рајчиќ која имаше 7 одбрани од 10 удари.

Најефикасна на натпреварот беше „вардарката“ во дресот на Црна Гора Јованка Радичевиќ која постигна 6 голови, а кај Шпанија Елизабет Пинедо постигна 5.

Ова за Шпанија е второ финале откако 2008 година на шампионатот во Македонија го освоија второто место.

Во второто полуфинале вечерва од 20:30 часот ќе играат Норвешка и Шведска.

Во дуелот за 5.место Франција ја победи Унгарија со 26:25.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега