Норвешка и Шпанија во финалето на ЕП во ракомет

Репрезентацијата на Норвешка е вториот финалист на Европското првенство за ракометарки кое се игра во Хрватска и Унгарија. Норвежанките синоќа во Будимпешта, во скандинавското полуфинале ја совладаа Шведска со 29-25.
 
Локе со шест и Мерк со пет гола беа најпрецизни во таборот на победникот, додека најефикасна кај Шведска беше Гулден со девет погодоци.
 
Претходно, во првото полуфинале Шпанија беше поуспешна од Црна Гора со 19:18.
 
За Норвешка ова ќе биде деветто финале, додека Шпанките по вторпат ќе учествуваат во борбата за златото на еврошампионатите.
 
Завршните натпревари се закажани за утре. Првин, од 15:30 часот за 3.место ќе играат Шведска и Црна Гора, а потоа, од 18 часот е финалето Норвешка – Шпанија.
 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега