Лазаров најдобар десен бек во шпанската ASOBAL лига

Капитенот на македонската репрезентација и ѕвездата на Барселона, Кирил Лазаров го доби признанието за најдобар десен бек за минатата сезона во шпанската ASOBAL лига.
 
Во пресрет на ASOBAL Купот, кој почнува денеска во организација на Адемар Леон, каталонскиот тим ги собра наградите. Гала-вечерта мина во апсолутна доминација на членовите на Барселона.
 
Покрај Лазаров награди добија и:
Виран Морос (најдобар дефанзивец),
Даниел Шариќ (најдобар голман),
Виктор Томас (најдобро десно крило),
Јеспер Нодесбо (најдобар кружен напаѓач) и
Никола Карабатиќ, кој ја доби наградата за најдобар ракометар во АSOBAL за сезоната 2013/2014.
 
Лазаров ја доби и наградата Powerade по втор пат во ASOBAL лигата, за ракометар со најмногу настапи во шампионатот 2013/14 - 38 настапи.
 

 

Оцени ја веста

20.12.2014 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега