10 години суспензија поради допинг за руски дигач на тегови

Поранешниот европски шампион во дигање на тегови Русинот Геворик Погосијан е суспендиран на десет години поради допинг.

Со оваа казна 30-годишниот Русин практично ќе ја заврши натпреварувачката кариера.

Тој во 2011-та година беше супендиран на две години поради злоупотреба на забранет стероид оксандролин.

Тој во 2010-та освои златен медал на шампионатот на Европа во Минск за својата родна Ерменија до 85 килограми пред да земе руско државјанство.

Во истата категорија беше трет на Европското првенство во 2011-та година, но одличјето му беше одземено поради допинг.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега