Ливерпул во шок: Легендарниот капитен го напушта клубот на крајот од оваа сезона

 

Капитенот и икона на Ливерпул Стивен Џерард ги напушта црвените после истекот на договорот на кројот од оваа сезона, пишува Би Би Си и додава дека 34 - годишникот после 16 години во црвениот дрес најверојатно ќе изигра уште некоја сезона во САД каде го бараат неколку клубови.

Британските медиуми се распишаа за тоа дека Џерард својата одлука наскоро и јавно ќе ја соопшти и дека после речиси 700 натпревари, 180 голови и една величествена ноќ во Истанбил сепак ќе го напушти Ливерпул.

Се верува дека легендарниот фудбалер на Ливерпул нема да направи исто што и Френк Лампард, односно дека нема да заигра за друг англиски клуб туку дека најверојатно ќе потпише за ЛА Галакси.

- Тажен ден за Ливерпул и за англискиот фудбал. Меѓутоа, земајќи се во предвид мислам дека тоа е сепак исправна одлука, напиша на својот Твитер профил Џерардовиот поранешен соиграч Џејми Карагер.

- Се чини дека Стивен Џерард заминува од Ливерпул на крајот од оваа сезона. Еден од најдобрите играчи кои сите овие години ја красеа Премиер лигата. Врвен, врвен играч, додаде Гери Линекер на својот Твитер.

 

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега