Јунајтед не е заинтересиран за продажба на Мата

Шампионот на Италија Јувентус наводно се распрашувал за Хуан Мата, но Манчестер Јунајтед не е заитересиран за негова продажба на Италијанците.

Претходните месеци се шпекулираше дека Јунајтед би можел да го продаде Мата, но во меѓувреме тој стана еден од клучните играчи на „Олд Трафорд“.

Јувентус бара плејмејкер кој би се вклопил во 4-3-1-2 системот на составот на италијанскиот фудбалски шампион.

Освен Мата се шпекулира дека како опции за таа позиција се Весли Снајдер, како и Џердан Шакири.

Со оглед дека Јунајтед одби да го продаде Мата, италијанските медиуми сметаат дека вистинска опција на Јувентус во моментов е Снајдер.

Искусниот холандски фудбалски репрезентативец многу помалку би ја чинел „старата дама“ отколку Шакири за кого Баерн бара 15 милиони евра.

 

 

Оцени ја веста

02.01.2015 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега