Скромен учинок на Стојановски во победата на Алба над Барселона

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со својата екипа Алба Берлин славеа победа против Барселона во кошаркарската Евролига.
На средбата од 1.коло од „Топ 16“ фазата одиграна синоќа во Берлин, Алба ја победи Барселона со 80:70. Нашиот репрезентативец Војдан Стојановски за неполни 14 минути минати на теренот имаше учинок од 4 поени, 2 скокови и една асистенција.
Ова беше дуел од групата Е во кој синоќа се одигра и средбата во Белград, во кој Реал Мадрид беше подобар од Црвена звезда со 79:72. 
Претходно во оваа група беа одиграни два натпревари во кои домашните тимови славеа победи и тоа, Галатасарај со 78:69 го победи Жалгирис, а Панатинаикос беше подобар од актуелниот европски шампион Макаби со 83:76.
Во групата Ф синоќа беа одиграни сите четири средби, на кои славеа гостинските тимови: Фенербахче - ЦСКА Москва 81-84 (по продолжение), Армани Милано – Нижниј Новгород 59:79, Лаборал - Анадолу Ефес 67:72 и Уникаха – Олимпијакос 61:69.
 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 10:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега