Грција се соочува со суспензија од Евробаскет 2015?

Првиот противник на кошаркарската репрезентација на Македонија на Европското првенство во 2015 година, селекцијата на Грција, се соочува со суспензија доколку не ги исполни своите обврски кон поранешниот селектор.
Грчката кошаркарска федерација ќе мора да му исплати на поранешниот селектор Андреа Тринкиери 110 илјади евра или нема да може да настапи на Евробаскетот 2015.
Како што пренесува грчкиот веб портал „Спорт 24“ италијанскиот стратег Тринкиери, ја добил тужбата која ја покренал пред кошаркарскиот Арбитражен суд на ФИБА, па грчката федерација се соочува со суспензија од сите натпреварувања на ФИБА се додека не го исплати Италијанецот.
Тринкиери кој на почетокот на 2013 година беше именуван за селектор, а по лошиот настап на ЕП во Словенија, минатото лето беше заменет со Фоцис Кацикарис. Договорот на Италијанецот со Грчката кошаркарска федерација бил вреден 220.000 евра, но досега му биле исплатени само 50.000.
Инаку, машката сениорска репрезентација на Грција треба да настапи на ЕП 2015 година во загрепската група Ц , во која за противници покрај Македонија треба да ги има и селекциите на Хрватска, Словенија, Грузија и Холандија.
 

 

Оцени ја веста

03.01.2015 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега