Денеска стартува 36-то издание на релито Дакар

Со стартот од аргентинскиот главен град Буенос Аирес до Вила Кроз Паз денеска стартува 36-то издание на Релито Дакар, што ќе трае до 17 јануари.

И годинава како и во изминатите шест години (од 2009) најпрестижното светско рели ќе се вози на јужноамериканскиот континент, а покрај Аргентина натпреварувачите ќе возат низ Чиле и Боливија.

На годинашното издание ќе стартуваат 676 натпреварувачи поделени во четири категории (мотоцикли, автомобили, четирицикли и камиони), чија примарна цел е да се минат 9.295 километри, а по тринаесет дневното патешествие и минати да стигнат на завршницата односно целта во Буенос Аирес.
 
Најтрофејниот возач на релито Французинот Стефан Петерхансел (вкупно 11 победи, шест со мотоцикл и пет со автомобил) и годинава е меѓу најголемите фаворити за нова победа, покрај бранителот на трофејот од лани Шпанецот Нани Рома.
 
Кај мотоциклите во обид да ја одбрани шампионската титула од минатата година, Шпанецот Марк Кома ќе се обиде по пети пат да стигне до трофеј.
 
Во конкуренција на камиони најголем фаворит повторно е рускиот производител на камиони „Камаз’’, кој триумфира на пет од шесте трки во Јужна Америка, а минатогодишниот победник Русинот Андреј Каргинов и годинава важи за топ фаворит.
 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега