Најбрзиот човек на светот сака да истрча 200 метри под 19 секунди

Спринтерот Јусеин Болт најави дека во 2015 година ќе го собори сопствениот рекорд на 200 метри под 19 секунди.

Најдобриот резултат во таа дисциплина засега изнесува 19,19 секунди и истиот го постави Болт на светското првенство во Берлин 2009-та година.

На истото натпреварување Јамајканецот го собори и рекордот на 100 метри од 9,58 секунди.

Болт за германските медиуми изјави дека се откажува од скокот во далечина и трките на 400 метри.

Затоа, пред атлетичарот е клучна година во однос на кариерата, со оглед дека во годината претходно, Болт пропушти многу поради повредите.

„Пред се би сакал да бидам првиот атлетичар кој ќе го собори рекордот на 200 метри за помалку од 19 секунди“, вели Болт.

„Што се однесува на скокот во далечина се откажав поради ризикот од повреда“, додава светскиот рекордер.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега