Фантастичната Михаела Шифрин ја одбрани круната во „Сијеме’’

Американката Михаела Шифрин е победничка на слаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање во Загреб.

Шифрин до вториот триумф на патеката „Сијеме’’, стигна со импресивен настап во двете трки со вкупно време од 1:56.66.

Американката ја потврди својата доминација во слалом, па до единаесеттата победа во Светскиот куп, стигна пред Картин Цетл од Австрија кој имаше заостанување од 1 секунда и 68 стотинки, односно 2 секунди и 79 стотинки подобро време од трето пласираната Нина Лосерт од Норвешка

Шифрин сега заостанува само 1 бод зад Швеѓанката Фрида Сансдотер која по пет оо деветте трки е водечка во Генералниот пласман во слалом, додека и натаму во севкупниот поредок во Светскиот куп прва е Тина Мазе од Словенија со 777 бодови, дури 232 повеќе од денешната победничка Шифрин.

На истата патека во вторник ќе се вози машкиот слалом.

 

 

Оцени ја веста

04.01.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега