Познат фудбалер брутално убиен пред својот дом

21-годишниот  фудбалер на рускиот Анжи Гасан Магомедов брутално е убиен пред својот дом во Махачкала. Клубот во соопштението наведе дека несреќното момче било жртва на „стрелачки вод“, кој ноќта во саботата го пресретнал неговиот автомобил.

Младиот фудбалер се враќал дома, а непознати напаѓачи го пресретнале пред неговиот дом и со рафал од автоматски пушки го усмртиле.

Мотивите за нападот не се познати, а полицијата се уште нема осомничени.

Гасан Магомедов настапуваше за вториот тим на Анжи.

 

 

Оцени ја веста

05.01.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега