Лазаров со глава му ги скрши забите на Прибак!

За време на подготовките за Мундијалот во Катар, настрадаа забите на централниот бек Немања Прибак. При еден дуел со капитенот Лазаров добил удар со глава во лицето при што настрадаа предните заби, јавува Македонски спорт.

-Имав дуел на тренинг, работевме класична одбрана-напад... не се ни сеќавам со кого беше. Дури четири заби настрадаа, но не беше страшно, не беше некоја голема скршеница, туку мали пукнатини кои веднаш беа санирани на заболекар. Тоа не е нешто невообичаено, многу ракометари го имаат тој проблем, таков е овој спорт, кратко објаснува Немања Прибак.

Тој додава дека со мислите веќе го чека дуелот со Тунисм, но истовремено се труди да биде резервиран во изјавите.

-Добро ги одработивме овие подготовки, околу мене имам соиграчи кои се искусни, кои играат одлично во Лигата на шампионите, сите функционираме на високо ниво... Затоа се надевам дека ќе бидеме паметни и со многу среќа и без повреди, сите заедно ќе се концентрираме на една цел - успех на СП, што значи и пласман во квалификациите за Олимписките игри, додава Прибак.

 

 

Оцени ја веста

07.01.2015 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега