ФИФА листа: Македонија на 101-то место

Македонската фудбалска репрезентација со пад од едно место на ФИФА ранг листата ја почна 2015 година.

 

На најновата листа објавена денеска македонската репрезентација е на 101. позиција со 327 бодови.

 

Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациите за ЕУРО 2016, Шпанија е на 9.место, Словачка остана 21-ва, Украина остана на 25-то место, Белорусија на 99-то, а Луксембург сега е на 127-то место со скок од една позиција.

Во ТОП 10 нема промени. Лидер е Германија, а по неа следуваат Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.

 

 

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 12 февруари.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега