Падна договор: Шаќири нов играч на Интер

Интер и Баерн Минхен се договорија за Џердан Шаќири, па во текот на денешниот ден, или најдоцна до утре се очекува Швајцарецот да пристигне во Милано.

Баерн Минхен му го продаде Шаќири на Интер за 18 милиони евра. Сепак, со оглед на тоа дека италијанскиот тим поради финансискиот фер плеј и поради надзорот од УЕФА, нема пари да го купи сега, договорот е позајмица до крајот на сезоната, а сумата да биде исплатена на 1-ви јули.

Како што објави германски „Билд“ се очекува играчот за врска да потпише четири и пол годишен договор со Интер, односно до јуни 2019-та година.

 

 

Оцени ја веста

08.01.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега