МЗТ Скопје ја оствари втората победа на гости во АБА лигата

Кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје ја постигнаа втората победа на гости сезонава во АБА лигата или вкупно шеста откако вечерва го победија унгарски Шолнок со 76:73 (30:18, 20:20, 15:18 и 11:17 по четвртини). Ова воедно беше првиот натпревар од 17.коло.
 
На своето деби на тренерската клупа Александар Јончевски статуваше со триумф. Ефикасната прва четвртина се покажа како решавачка за победата на македонскиот шампион, кога „металците“ постигна 30 поени.
 
Најефикасен кај МЗТ Скопје беше Урош Лучиќ со 20 поени, додека Сеад Шеховиќ постигна 14.
 
Во следното коло МЗТ Скопје на домашен терен ја пречекува екипата на Крка.
 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега