Челзи сам на врвот на Премиер лигата

Екипата на Челзи повторно е сама на врвот на табелата од Премиер лигата, откако попладнево во 21. коло го победи Њукасл, додека шампионот Манчестер Сити одигра нерешено на гостувањето кај Евертон. Челзи сега има два бода повеќе од „граѓаните“.

Единствената гостинска победа во ова коло ја постигна Ливерпул против Сандерленд.

Резултати од 21. коло: Челзи – Њукасл 2:0, Евертон – Манчестер Сити 1:1, Сандерленд - Ливерпул 0:1, Барнли – КПР 2:1, Лестер – Астон Вила 1:0, Свонси – Вест Хем 1:1, ВБА – Хал 1:0.

Во 18:30 часот почнува дуелот Кристал Палас – Тотенхем, а утре играат: Арсенал – Стоук и Манчестер Јунајтед – Саутепмптон.

Табела: Челзи 49 бодови, Манчестер Сити 47, Манчестер Јунајтед 37, Саутемптон 36, Тотенхем 34, Арсенал 33, Вест Хем 33, Ливерпул 32,... 

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега