Ракометните јуниори на Македонија го претрпеа третиот пораз

Македонската ракометна јуниорска репрезентација (играчи до 21 година) денеска го претрпе и третиот пораз во квалификациската група 2 за Светското првенство во Бразил. Поуспешни од нашите јуниори беа нивните врсници од Франција, кои славеа победа со 31:25 (17:10).

Ова беше трет пораз за избраниците на селекторот Влатко Неделковски на исто толку натпревари. Во првите две кола Македонија беше совладана од Чешка и од Полска.

На денешниот дуел со Франција најефикасен беше Мартин Велковски со 6 голови, а по 5 постигнаа Стефан Дрогришки кај Македонија и Флориан Делекроа кај Франција.

Франција со три победи и максимални 6 бодови ги заврши квалификациите на првото место и со тоа избори пласман на Светското првенство, додека Македонија е последна во групата без освоен бод.

Последниот натпревар меѓу домаќинот Полска и Чешка е во тек.

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега