Легендата на ЛА Лејкерс ја завршува кариерата во февруари?

Најдобриот кошаркар на ЛА Лејкерс Коби Брајант би можел кариерата да ја заврши веќе оваа година, пред крајот на сезоната.

Легендарниот играч во последните две години има многу проблеми со повредите, а во актуелната сезона пропушти шест од последните 11 мечеви во НБА лигата.

Тренерот на тимот од Калифорнија Бајрон Скот вели дека со Брајант не разговарал за вакво сценарио, но додава дека не исклучува такво нешто.

-Не сум размислувал за тоа. Размислувам од натпревар до натпревар. Во овој момент не знам што да кажам, можеби по Ол-стар натпреварот ќе почнеме да разговараме на оваа тема, ако биде потребно, вели Скот.

Мечот на „Сите ѕвезди“ ќе биде одржан од 13-ти до 15-ти февруари во Њујорк.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега