ФОТО: Кајмакоски ќе го отвори Мундијалот во Катар!

Во четврток, на 15-ти јануари во спортската сала Lusail Hall во Доха, пред публиката во салата, но и пред целиот свет, Даниел заедно со уште 24 изведувачи од земјите учеснички на првенството ќе ја отпее химната „Live it“ создадена специјално за овој настан.

- Во моментот во Доха, Катар течат последните подготовки за отворањето на Светското првенство во ракомет. Организацијата е на највисоко ниво и со сигурност ќе не очекува голем спектакл. Голема благодарност до организаторот кој ова за сите нас го направи незаборавно искуство. Посебно задоволство и чест ќе ми претставува да ги бодрам нашите ракометари на првиот натпревар – изјави Даниел.

Даниел пред три месеци беше во Париз каде што со дел од изведувачите од останатите земји учеснички на Мундијалот ја снимија химната со наслов “Live it “. Освен во Париз, снимањето со останатите учесници се одвивање на уште три локации низ светот: Рио де Жанеиро, Мадрид и Доха.

Извор: Вистина

 

 

Оцени ја веста

13.01.2015 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега