Шарапова ја предводи Русија во Фед купот

Втората тенисерка на светот Марија Шарапова ќе ја предводи Русија против Полска во првото коло од Фед купот на 7 и 8 март во Краков.

Русија која четири пати досега ја освојуваше титулата во Фед купот ќе се обиде да направи пресврт во однос на разочарувањето од минататa сезона кога Австралија беше подобра во првото коло со 4:0.

Покрај Шарапова во рускиот тим ќе биде и Анастасија Пављученкова, 23-та на ВТА листата, четирикратната грен-слем шампионка и моментно 27- ма на рангирањето Светлана Кузњецова како и Вита Даченко, 83-та во светот.

„Учеството на Шарапова е сигурно, а Кузњецова и Пављученкова најверојатно ќе играат во двојки“, рече тимскиот менаџер Владимир Камелзон.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега