ФОТО: Бони во Сити за 28 милиони фунти

Напаѓачот на Свонси Вилфред Бони и официјално во продолжението на сезоната ќе го носи дресот на Манчестер Сити.

Трансферот на Твитер профилот го потврди Фудбалската асоцијација на Брегот на Слоновата Коска, а дури беше објавена фотографија од фудбалерот кој позира со дресот на Манчестер Сити.

Веднаш реагираа од Свонси и преку својот Твитер порачаа дека се уште зделката не е дефинитивно склучена и дека кога ќе биде тоа веднаш ќе ги известат своите фанови, а не тоа да го прави ФА на Брегот на Слоновата Коска.

Како и да е, се е готово, а во текот на денот се очекува и Свонси да го потврди трансферот.

Трансферот е вреден 28 милиони фунти, а Бони на „Граѓаните“ ќе им се приклучи по Африканскиот куп на нации каде учествува со својата репрезентација БСК.

 

 

Оцени ја веста

14.01.2015 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега