Македонија и БиХ тренираа заедно

Селекциите на Македонија и БиХ, но и Иран во исто време тренираа заедно во иста сала.

Во салата „Ал Бин Хамад Ал Атија“ во Ал Саад под ист покрив се наоѓаат три терени. Покрај главниот терен, на кој ќе се играат мечевите од Мундијалот, има и два помошни терена (warm up) на кои вчера во ист термин тренираа Македонија и БиХ.

Интересно е тоа што на главниот терен во истиот тој момент беше селекцијата на Иран, пишува „Балкан-Хандбал“.

Какви инструкции даваа селекторите Обрван и Марковиќ, ќе стане јасно веќе утре кога почнуваат натпреварите во групата Б.

Селекцијата на БиХ во петок со почеток во 13:00 часот ќе игра против Иран, додека два часа подоцна Македонија ќе се сретне со Тунис. Селекцијата на Хрватска од 17:00 часот ќе игра против Австрија.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега