Анчелоти: Би било одлично во ист тим да ги имам Роналдо и Меси

Тренерот на Реал Карло Анчелоти призна дека би сакал во својот тим да ги има и Кристијано Роналдо, како и Лионел Меси.

 

Последните неколку седмици се шпекулираше многу за иднината на Меси, а медиумите тврдеа дека тој не е здоволен од каталонскиот клуб, но Аргентинецот тоа го демантираше.

 

Покрај тоа, неговото потенцијално заминување од Барселона е во центарот на вниманието на шпанските медиуми кои го запрашаа Анелоти дали хипотетички би сакал да го види Меи во дресот на „кралскиот клуб“.

„Да, верувам дека би сакал. Но, морам да нагласам дека Кристијано Роналдо е симбол на Реал Мадрид како што Меси е симбол на Барса“, вели италијанскиот фудбалски стручњак.

 

„Како и да е, секој од нив двајца има свој тим и своја историја, би било одлично двајцата да ги имаме во тимот. Тешко е да се помисли дека нешто такво ќе случи“, нагласи Анчелоти.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега