Прогнози за Мундијалот во Катар - на која позиција ќе заврши Македонија?

Првата фаза Македонија ќе ја заврши со пласман на третото место во групата, зад Хрватска и Тунис, додека Мундијалот во Катар ќе го заврши на деветтото место.

Специјализираниот ракометен портал „Handball-planet“ прогнозира дека македонската селекција мундијалот во Катар ќе го заврши на деветтото место, откако групната фаза би ја завршиле на третото место зад Хрватска и Тунис, со што во осминафиналето би вкрстиле со Словенија, која според нивните предвидувања би завршила како второпласирана во А групата.

Како најголеми фаворити за златниот медал порталот ги издвојува Франција пред Данска, Хрватска и Шпанија, кои би учествувале во самата завршница од шампионатот.

Деталната прогноза на „Handball-Planet“ прочитајте ја ТУКА.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:38
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега