Уште не почнато првенството во Катар победа за Македонија - претставени сме под уставно име

Вечерва во арената Лусеил свечено беше отворено 25-тото Светско првенство во ракомет чиј домаќин до први следниот месец ќе биде Катар.

Церемонијата на отворањето беше спектакуларна, а присутните во арената ги поздрави првиот човек на светскиот ракомет Хасан Мустафа и неговата екселенција, шеикот Јоан Бин Хамад Ал Тани.

Во делот од спектаклот што го подготвија домаќините партиципираше и Даниел Кајмакоски, кој е дел од групата што ја исполнува химната на Мундијалот.

 

На свеченото отворање присуствуваше и претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, кој утре ќе го следи и првиот настап на нашите ракометари на шампионатот против селекцијата на Тунис.

Организаторот на Свеченото отварање, Македонија ја претстави под уставното име.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега