Обрван: Атмосферата е одлична, одиме на победа

Македонската ракометна репрезентација утре против Тунис ќе го одигра првиот натпревар на Светското ракометно првенство што се одржува во Катар. Селекторот Ивица Обрван во пресрет на овој дуел очекува поволен резултат.

-Тука сме во Доха веќе три четири дена и со нетрпение го очекуваме стартот на првенството и стартот на натпреварот со Тунис. Имаме многу проблеми со термините за одржување на тренинзите и мораме да се прилагодиме на ситуацијата бидејќи се се одржува во три сали. Нервозата е нешто поголема бидејќи се ближи стартот на првиот и за нас многу важен натпревар. Тунис е исклучително тежок противник и на овој Мундијал доаѓа со амбиција дури и да освои медал. Тоа ни е многу добро јасно, но ние ќе се обидеме да победиме, но сепак ако тоа не се случи, ова е старт на првенството има уште пет натпревари во групата. Добро сме подготвени, но вистинската слика ќе ја имаме по дуелот со Тунис. Првиот натпревар на ваков турнир секогаш е најтешка, но ние ќе одиме на победа. Сигурно дека не сме во идеална форма, ниту во оваа фаза можеме и да бидеме, но во тимот владее одлична атмосфера и момчињата ќе дадат се од себе да се постигне поволен резултат, изјави селекторот.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега