Ова е билансот со Тунис: Македонија против традицијата

Македонската ракометна селекција во првиот меч на Светското првенство во Катар ќе се обиде да ја прекине лошата традиција против селекцијата на Тунис.

Досега Македонија против оваа африканска земја има одиграно два натпревари, во кои Тунижаните славеа победи.

Првиот меч Македонија и Тунис го одиграа на СП во Хрватска 2009 година. Како и сега и тогаш, овие две селекции се сретнаа во 1.коло. На натпреварот одигран на 17 јануари во Вараждин, а во рамките од Ц групата, иако нашата селекција на полувремето водеше со 14:13 сепак во изедначен втор дел, ракометарите на Тунис со малку среќа и поддршка од судиите на крајот славеа минимална победа со 25:24.

Вториот дуел ракометните селекции на Македонија и Тунис го имаа летото 2013 година. На Медитеранските игри одржани во турското летувалиште Мерсин, Тунижаните ја искористија шансата да го поразат комибиниранот состав на Македонија, кој на игрите настапи без најголемиот дел од стандардните репрезентативци. Тогаш Тунис славеше победа со убедливи 35:19 полувреме 16:10.

Кога во прашање е традицијата и настапите на нашата селекција на стартот на Мундијалите, досега имаме позитивен резултат од две победи и еден пора (од Тунис 2009 во Хрватска).

Во дебито на завршницата на СП во Египет 1999 година, македонските ракометари, тогаш предводени од легендарниот Пепи Манасков, во 1.коло на Б група ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија со 28:21. 

На стартот Мундијалот во Шпанија пред две година (2013 г.), во Б групата во Севилја, на дуелот против Чиле репрезентацијата на Македонија забележа победа со 30:28.

Потсетување, дека денешниот натпревар меѓу Македонија започнува во 15:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега