ПОБЕДА ЗА МАКЕДОНИЈА на старот на СП во Катар - Браво момци!

Македонската ракометна репрезентација на првиот натпревар на СП во Kатар ја победи селекцијата на Тунис сo 33:25.

По почетното водство на Тунижаните од 3:1, македонските ракометари направија серија што резултура со водство до шест голови на средината на првото полувреме. Тунис кон крајот на првиот дел се приближи на еден гол разлика, но Македонија успеа да се одлепи и да го заврши полувремето со предност од четири голови 18:14.

Во вториот дел македонските ракометари постојано ја зголемуваа предноста која во претпоследната минута достигна 10 голови 33:23, но Тунижаните со два гола во последната минута успеаја да намалат на конечни 33:25.

Голманот Борко Ристовски имаше 13 одбрани. Најпрецизен во македонскиот тим беше капитенот Кире Лазаров со 10 голови, а Манасков и Миркулоски постигнаа по шест.

Манасков е прогласен за играч на натреварот

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега