ВИДЕО: Урнебесна реакција на Мурињо по двата гола на Торес против Реал

Жозе Мурињо го избриша Фернандо Торес, односно го испрати во Милан на позајмица, поради тоа што никако не можеше да проработи во Челзи.

Откако мина неуспешни шест месеци во Милано, Фернандо Торес се врати во Атлетико Мадрид каде што пoрасна во голгетер и еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Веќе на вториот меч за старо-новиот клуб Торес постигна два гола и тоа против Реал Мадрид во Купот на Кралот за 2:2 и е најзаслужен за елиминацијата на „Кралевите“ .

Поради тоа порталот „ The SPORT Bible“ објави интересно видео од Жозе Мурињо како шега на сметка на Португалецот откако Торес постигна два гола против Реал Мадрид.

Секако, оваа реакција на Жозе Мурињо е за сеосема друга ситуација, но објавата на ова видео порталот „The SPORT Bible“ навистина го погоди моментот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 17:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега