ВИДЕО: Најинтересните моменти од мечот Македонија - Тунис

Премиерна победа на Македонија на Мундијалот во Катар против Тунис од 33:25.

Избраниците на селекторот Ивица Обрван одиграа одличен меч во кој противникот им парираше само во првите пет-шест минути. Кире Лазаров со 10 погодоци беше најефикасен, а по шест постигнаа Манасков и Миркуловски, додека Борко Ристовски мечот го заврши со 13 одбрани.

Да посакаме само оваа игра да се повтори и на утрешниот меч против Иран и дека Македонија ќе ја забележи втората победа на СП во Доха.

Погледнете го видеото од најдобрите моменти од денешниот меч Македонија-Тунис на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 21:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега